Дино Захов и Јованка Радичевиќ ја раскинаа свршувачката

0
3695

Крај на љубовта после три години

Голманот Дино Захов и ракометарката Јованка Радичевиќ која неколку години живееше во Скопје и ги бранеше боите на домашниот „Вардар“ ја раскинаа свршувачката и ставија крај на љубовта. Парот кој беше заедно околу три години, пред година ипол се сврши, но поради професионалните обврски на двајцата не стасаа да направат свадба, иако на големо го планираа и тој чекор.

По се изгледа, откако Јованка си замина од Скопје згасна и љубовта.

На нивните Инстаграм профили се избришани сите заеднички фотки, а од големата романса за која се зборуваше ширум овие простори не остана ништо.

Дали далечината била пречка и и главна причина за раскинување на веридбата, не знаеме, но во едно сме сигурни, а тоа е дека за жал и покрај сите најави Јованка сепак нема да биде македонска снаа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here