Лила Филиповска остро за коментарот за нејзините силиконски гради: “Во ред е, не си ги видел така што можеш само да пишуваш”

119

Да се биде јавна личност со себе носи и предности, но и недостатоци. Денес, со популарноста на социјалните мрежи секој има слобода на говор, а неретко се случува на тапет да завршат познатите македонски јавни личности.

Токму таа беше една од темите на која “Бекстејџ” поразговара со водителката Лила Филиповска, која честопати ги “разбранува” социјалните мрежи без разлика дали станува збор за провокативна фотографија, трач или било што друго.

Уште на почетокот од интервјуто, Лила истакна дека 25-годишната јавна кариера ја направила “отпорна” на негативните коментари кон неа.

“Ако сакаш сите да те сакаат, оди продавај сладолед. Јас сум избрала професија која што е јавна и која што дозволува секој да те гледа и коментира така што мораме да бидеме подготвени за вакво нешто”, вели убавата водителка.

“Бекстејџ” ѝ припремил на Лила неколку твитови за кои таа требало да даде коментар, а помеѓу таквите се најде и еден за нејзиното тело односно за нејзините силикони.

“Во ред е, не си го видел ти силиконот така што можеш само да пишуваш”, остро му одговори Филиповска.

Во продолжение, погледнете какви беа реакциите на Лила после секој исчитан твит.