Владата на Индија денес ги одобри мерките со кои ќе биде спроведена одлуката на индискиот суд за забраната на „моменталниот развод“ на мажите со муслиманска вероисповед.
„Моментален развод“ се врши така што мажот три пати го кажува зборот „талак“, што на арапски значи развод, без оглед на тоа дали неговата сопруга сака да се разведе или не.
Разводот е важечки и доколку сопругот тие зборови ги напише на лист или ги забележи во електронска форма, важи во било кој момент и мажот не мора да ги изговори зборовите три пати по ред.
Досега, ваквата пракса беше легална во Индија, меѓутоа, сега индиските власти донесоа одлука според која „талак“ ги прекршува уставните права на жените со муслиманска вероисповед и истиот се забранува.
Инаку, најголемиот дел од 170-те милиони муслимански сунити во Индија се водат по законите кои што досега дозволуваа ваков вид на развод.
Индиската влада ќе има шест месеци да добие одобрение од парламентот за мерката да стане дел од закон, но и во тој период, муслиманските мажи ќе одговараат пред законот доколку користат ваков вид на развод.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











