Речиси сите делови на глуварчето може да се употребат во кулинарството, за приготвување вкусни деликатеси. Младите листови најчесто се користат за правење свежи салати и прилози.
Од цветовите на оваа билка се добива вкусен сируп, сличен на мед, кој е совршен за правење напивки и слатки, додека пупките се конзервираат во оцет.
За медот од глуварче е потребно: 250 цвета од глуварче, 750 мл вода, 1 кг шеќер и еден лимон. Приготвувањето е многу едноставно: лимонот исечете го на крукчиња, па помешајте го со вода и со цветовите од глуварчето. Варете го на умерена температура 20 минути. Течноста исцедете ја, а лимонот и цветовите пасирајте ги. Шеќерот додајте го во врелата течност и полека варете го 15 минути, додека се растопи.
Сирупот налејте го во топли и стерилизирани тегли и затворете ги.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)



















