Ирина Шајк се огласи на Инстаграм после романтичниот настап на Бредли и Гага

189

Ирина Шајк, Бредли Купер и Лејди Гага се топ тема на сите светски медиуми. Обожавателите на Гага и славниот актер отворено навиваат тој да ја остави Ирина поради неа, а на социјалните мрежи лесно се создаваат и кланови на Ирина и Лејди Гага.

Американските папараци, убавата манекенка ја уловиле во автомобил со Бредли Купер и изгледа дека не била воопшто расположена. Сепак, таа се огласила на својот Инстаграм после доделувањето на Оскарите и му се заблагодарила на својот бјути тим за тоалетата, шминката и фризурата.

Без оглед на нејзиниот фантастичен изглед, изгледа дека тој никого не го интересирал, па објавата на убавата Русинка ја преплавиле со коментари за наводната врска на Бредли и Лејди Гага. Многумина отишле толку далеку што веќе ја жалат Ирина, а некои ја охрабруваат да продолжи понатаму.

Да потсетиме, настапот на Лејди Гага и Бредли Купер на доделувањето на Оскарите се коментира уште од вчера, со оглед на тоа дека филмскиот пар беше премногу интимен на сцената, изведувајќи ја песната која се закити со Оскар, „Shallow“. 

loading...