Иницијатива: Македонските возачки да важат и во Шведска

425

Бројот на граѓаните кои се иселуваат од Македонија постојано расте. Во последниве 10 години бројот на граѓани кои од Македонија се преселуваат во Шведска со цел да најдат подобра и подобро платена работа е се поголем.

Па така, и логично е истите да имаат потреба Шведска да ги признае македонските возачки дозволи исто како што тоа го направи македонската заедниа во Сојузна Република Германија.

 

Во иницијативата која може да ја погледнете ТУКА се наведува дека се очекува позитивна одлука од релевантните институции и соработка меѓу Р. Македонија и Кралството Шведска.

Досега се потпишани околу 1.100 луѓе. Доколку и Вие ја сметате оваа одлука оправдана потпишете ја петицијата на линкот погоре.