Инцидент пред сослушувањето на осомничениот за исчезнувањето на Медлин: Му ги скршиле ребрата додека чекал во притвор

594

Главниот осомничен за исчезнувањето и убиството на малата Медлин Мекен, Кристијан Брукнер, повреден е во притвор. Како што пренесуваат западните медиуми, на Брукнер му биле скршени двете ребра.

Осудуваниот силувач и педофил се здобил со повреди, по што бил пренесен во болница. 43-годишниот Брукнер требаше да се појави пред германскиот суд за да поднесе барање за условен отпуст во врска со случај поврзан со дрога.

Тој моментално е во затвор каде што отслужува казна од 21 месец поради кривични дела поврзани со дрога, па поради тоа ги исполнува условите да биде условно пуштен на слобода. Тоа ќе биде возможно на 6-ти јануари откако ќе отслужи две третини од казната.

Брукнер поминал 300 километри од затворот до судницата, а потоа завршил во болница пред да започне сослушувањето. Подоцна германските меедиуми пренесоа дека му биле скршени две ребра.

Имено, Брукнер пристигнал во судницата еден час порано пред почетокот на сослушувањето, па бил испратен во ќелија. На тоа место дошло до инцидентот, а од судот одбиваат да изнесуваат детали околу тоа кој го претепал главниот осомничен во случајот со исчезнувањето на малата Медлин Мекен.

Аддвокатот на Брукнер тврди дека неговиот клиент бил повреден од страна на чуварите и дека ќе поднесе тужба, а од друга страна, од судот тврдат дека Брукнер паднал во ќелијата додека го чекал сослушувањето.