ЗЕМЈА ВО РЕГИОНОТ: Aко купите стан, добивате и државјанство

586

Ако купите луксузен стан во Црна Гора, ќе добиете државјанство.

Се работи за давање државјанство поради „реализација на посебна програма за инвестиции од особено значење за економскиот интерес на Црна Гора“.

Минималната инвестиција за добивање на црногорски пасош е 450.000 евра.

Компанијата „Адријатик Маринас“ од Тиват на пазарот претстави недвижнини од комлексот наречен „Бока Плејс“, дел од луксузната туристичка населба Порто Монтенегро.

Странците со купувањето на простор за станови и бизнис простории, како подарок ќе добијат и црногорско државјанство, објави српски Блиц.

Изградбата на комплексот ќе почне кон крајот на годинава, а цената на становите ќе се движи од 190.000 до 347.000 евра.

Цената за трособен луксузен апартман не е објавена во брошурата и ќе ги добијат заинтересираните клиенти во директен контакт.