Патник во авион кој во неделата летал од Лондон – Лутон за Скопје ја нарече стујардесата глупава кучка оти помислил дека му дала сендвич со свинска шунка. Инцидентот настанал во авион на нискобуџетниот превозник „Визер“ во кој кабинскиот екипаж е од Македонија, објави лондонскиот весник „Мирор“.
„Јас работам во ресторани, знам што е свинска шунка. Ова има вкус на свинско, не на мисиркино. Треба да им кажете да луѓето дека служите сендвичи со свинско месо. Јас сум муслиман“, ѝ вели патникот на стујардесата.
И покрај обидите стујардесата да му објасни дека не е во право и му нуди да му ги врати парите, патникот вели „Ти си глупава кучка, Е**на ку**о“.
Потоа и останатите членови на екипажот се обидуваат да му објаснат на патникот дека шунката не е од свиња туку од мисирка и дека сендвичите не се правени во Македонија туку во Унгарија, каде што е седиштето на компанијата. Но, тој и понатаму не ги прифаќа нивните објаснувања велејќи ѝ на стујардесата дека не е љубезна. На видеото се слуша дека стјуардесата со колегата стјуард се договараат на македонски јазик како да му објаснат на патникот дека шунката е од мисирка и се убедуваат која е разликата меѓу шунка и салама.
На крајот на видеото се гледа како стујардесата му ги враќа парите за сендвичот на патникот. Тој лут ја враќа и водата.
Извор: СДК









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











