Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека поседува „огромен доказ“ дека пандемијата на коронавирусот потекнала од лабораторија во кинескиот град Вухан.
„Имаме огромен доказ дека се всушност започнало во лабораторијата“, изјави шефот на американската дипломатија за новинарите на “ABC”.
Тој иако е многу критичен кон Кина, сепак одби да каже дали смета дека вирусот намерно е пуштен од лабораторијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот четврток исто така изјави дека видел докази кои му овозможуваат „со големо уверување“ да каже дека вирусот започнал да се шири од лабораторијата во кинескиот град Вухан.
„Да, имам им детали. Но, не можам да ви кажам. Тоа не смеам да ви го кажам“, изјави Трамп.

Институтот за вирологија во Вухан кој е спонзориран од кинеската влада ги отфрли овие обвинувања, а треба да се истакне дека повеќето од светските експерти и натаму веруваат дека вирусот бил пренесен од животно на човек на пазар во истиот кинески град.
Трамп меѓу другото изјави дека неговата администрација се обидува да одреди дали новиот коронавирус навистина започнал да се шири од лабораторијата откако се појавија тврдења дека тој бил вештачки направен, или пак едноставно вирусот „побегнал“ поради лошото ниво на биобезбедност.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















