Хокинг пред смртта снимил драстично предупредување

507

Стивен Хокинг пред смртта снимил порака за светот која била пуштена на преставувањето на неговата нова книга – “Кратки одговори на големи прашања”.

Хокинг во пораката рекол дека образованието и науката “се во голема опасност” и дека не се почитуваат експертите.

Во својата порака навел дека изборот на Трамп за американски претседател и Брегзит се дел од “глобалниот револт против експертите, што ги вклучува и научниците”. Познатиот физичар порачал дека науката допрва мора да реши големи проблеми, меѓу кои климатските промени, пренаселеноста, изумирањето на видовите, уништување на шумите.

“Ние сме во опаснсот да станеме културно изолирани и да станаме остров, се поодалечени од местата на доаѓа до напредок”, порачал Хокинг.

“Што ги чека оние кои се сега млади? Со сигурност можам да кажам дека нивната иднина зависи од науката и технологијата повеќе од било која друга генерација”, рекол тој.

Потоа во својата порака ги замолил младите “да погледнат горе во ѕвездите, а не долу во своите стапала”, и да се запрашаат зошто постои вселената.

“Важно е да не се откажете. Додадете имагинација во својата волја. Обликувајте ја иднината”, им порачал Хокинг на младите.