Сагата за иднината на Златан Ибрахимовиќ во Милано заврши. Клубот официјално објави дека потпишале со нивната sвезда за уште една сезона.
Се проценува дека платата на 38-годишниот напаѓач ќе изнесува 7 милиони евра. Тој ќе го носи бројот 11, со кој го освои Скудетото со „црвено-црните“ за време на неговиот прв период во тимот. Така, тој ќе го замени бројот 21, кој го носеше во текот на пролетната полусезона.
Ибрахимовиќ се врати за својот втор престој кај „росонерите“ минатата зима. Со неговото пристигнување, тимот на Стефано Пиоли значително ги подобри своите перформанси и забележа многу позадоволителни резултати во споредба со првата половина од кампањата.
На 20 натпревари, голгетерот запиша 11 голови и 5 асистенции.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















