И оваа година сестра му Дора ја направи тортата: Тоше денеска би наполнил 40 години

95

Поминаа веќе 13 години откако легендата Тоше Проески повеќе не е со нас а ова е 14ти роденден како семјеството Проески го слави роденденот без својот најмил брат и син. За жал животот го заврши многу млад, на само 26 години, а беше жив денеска Тоше ќе наполнеше 40 години.

Имено неговата постара сестра Дора како и секоја година на денот на роденденот на нејзиниот брат прави торта во чест на Тоше. Оваа година уште рано утрово сподели фотографија на нејзиниот Фејсбук профил со тортата на која пишува „Те сакаме сите Тоше“.

Инаку она што е впечатливо е тоа што на тортата е насликана цреша со цветови во пролет исто како неговата песна за која и самиот истакна дека е автобиогравска песна во која се пронаоѓа најмногу, а многумина велат дека ја претскажа судбината која го снајде.

По повод неговиот роденден, во Загреб вчера се одржа молитва, додека во Скопје, во АРМ ќе се одржи традиционалната крводарителска акција по 17 пат.

Пејачот кој никогаш нема да биде заборавен беше роден на 25 јануари 1981-та година во Прилеп.

Кариерата ја започна многу млад, а со мега популарност се стекна за само неколку години. Во краткиот период на слава тој ги полнеше сите регионални концертни сали, а во Македонија ќе биде единствениот кој три пати го наполни градскиот стадион во Скопје.

Додека беше жив родендените ги прославуваше со своите блиски пријатели и колеги, а често по прославите завршуваше и на насловните страници на магазините и весниците.

Таков беше и неговиот роденден кога доби и торта во форма на автомобил буба.