И Македонија воведува санкции против Турција?!

960

Македонија, Црна Гора, Албанија, Исланд и Ерменија се приклучија на санкциите на ЕУ против Турција за нејзините сондажни операции во потрагата по природен гас во слободната економска зона (ЕЕЗ) на Република Кипар. Ова се наведува во соопштението на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, издадена во Брисел.

– Земјите-кандидатки (за пристапување во ЕУ) Република Северна Македонија, Црна Гора и Албанија, Исланд, како и Ерменија ќе се приклучат на оваа одлука на Советот. Тие ќе обезбедат дека нивните национални политики ќе бидат во согласност со одлуката на Советот. Ја поздравуваме оваа заложба„ се вели во соопштението.

Од партијата за Движење за национално единство на Турците реагира дека како критична маса и совест на Турците на Македонија изразуваме огромно незадоволство и најенергичен протест против оваа одлука на владата. Според нив, владата фрла сенка на извонредно добрите пријателски односи со Турција. Тие бараат владата да се огради од најавените санкции бидејќи тоа претставува мешање во внатрешните работи на други земји.

Европската унија на крајот на февруари ги прошири санкциите против Турција за нејзините операции за дупчење во ексклузиваната зона на Република Кипар. Воведени се рестриктивни мерки против потпретседателот и шефот на одделот за истражување на турската државна нафтена компанија ТПАО (Турк петролеум корпорација) Мехмет Ферух Акалин, како и неговиот заменик во одделот Али Коскун Намоглу.

Големи резерви на природен гас се пронајдени во зоната на Република Кипар. Во септември, островската државна влада потпиша договор со француската компанија Тотал и италијанската компанија Ени за развој на секторот во Кипар. Сепак, на почетокот на октомври, Турција испрати свој брод за дупчење во областа, придружуван од воени бродови.

Според Анкара, турската механизација и опрема се испраќа во областа на гасот, врз основа на лиценци издадени од самопрогласената Турска Република Северен Кипар, која, освен самата Турција, не е призната од ниту една друга држава во светот.