И Анета Молика се фрли на спортување: Во здраво тело – здрав дух

115

За време на пандемијата со коронавирусот и вонредната состојба речиси сите наоѓаме начин да се рекреираме , спортуваме, одржуваме кондиција.

Многумина за време на овој период се фрлија на физички активности, некои вежбаат по дома, некои пешачат, трчат, практикуваат јоги вежби…

Македонските естрадни уметници сегаа имаат време за „извоз“ затоа што нивните настапи и турнеи се одложени и откажани.

Додека пред повеќе од два месеци живеа во куфер, од еден град во друг, една држава во друга и настапуваа, сега се во своите домови и може да го прават она за кое претходно немале доволно време.

Така некои од нив ноаѓаат начин физички да ја одржуваат кондицијата.

Некои вежбаат во своите домови, некои пешачат до Водно, некои се рекрираат со спортување.

И македонската пејачка Анета Молика може да се стави на листата на оние кои ја одржуваат својата физичка активност.

ФОТО: ИНСТАГРАМ/АНЕТАМИЦЕВСКА

Таа деновиве го зема велосипедот и нејзина релација беше селото Брусник во Битола. Со спортска опрема, очила за сонце и без шминка Анета се фрли на спортување.

ФОТО: ИНСТАГРАМ/АНЕТАМИЦЕВСКА

Пејачка на социјалните мрежи сподели момент од нејзиното рекреирање, но го сподели и убавиот и зеленикав поглед од Дихово, а друштво и правеше сопругот Џими.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Во здраво тело – здрав дух.