Од платежните картички што ќе ги дава државата, нема да може да се подигне готовина

87

д платежните картички, кои ги најави Владата како мерка за помош на граѓаните, нема да може да се подигне готовина, објаснува министерката за финансии Нина Ангеловска. На денешната прес-конференција таа рече дека сѐ уште се подготвува уредбата за реализација на оваа мерка и треба да се утврди за кои производи и услуги граѓаните ќе може да ја искористат картичката.

Во новинарските прашања за тоа колку долго ќе се чека за мерките за помош, Ангеловска рече дека гледа доза на нетрпеливост и порача дека Владата има јасно поставени рокови и за мерките за граѓани и за фирмите.

„Брзината е важна, но исто така и добрата координација на сите засегнати страни кои ќе учествуваат во реализација на овој проект. Сакаме се минимизира ризикот од метежи од доаѓање во институции. Се работи за голем проект кој не значи само да се даде еднократна финансиска поддршка туку да се насочи и каде што треба кон домашните производи и услуги. Да се нагодат терминалите по дејности каде што таа картичка ќе може да поминува. Нема да може да се подигнува готовина, затоа што визијата е и безготовинско плаќање и променување на навиките. Ако ги погледнете податоците, значајно е зголемено електронското банкарство само во март. Значи, граѓаните се адаптираат и ова е можност да го забрзаме патот кон посовремена развојна безготовинска економија“,

изјави Ангеловска.

Министерката вели во уредбата е предвидено оваа мерка да се реализира во јуни или до крајот на јули, а наскоро ќе се знаат и правилата за аплицирање.

„На конкретното оперативно решение веќе се работи ние имавме средба со засегнатите страни и уредбата има нацрт верзија. Се работи  интензивно деноноќно и нема простор за притисок и нетрпеливост“,

Со мерката се предвидува платежна картичка од 9 000 денари да добијат невработените лица и активни баратели на работа кои немаат примања поголеми од 15 000 денари, а туристички ваучери од 6 000 денари ќе бидат наменети за вработени лица со нето-плата до 15 000 денари. Посебни ваучери се наменети за средношколци, студенти и млади до 29 години за кофинансирање на студии, сместување и организација на обуки.