Хумани луѓе сè уште постојат: Насмевка и солзи радосници на лицето на младиот херој Дејан Младенов

967

Приказната на младиот херој Дејан Младенов од Струмица која допира до сечие срце на крајот заврши среќно и измами насмевка кај гледачите кои ја слушнаа, а воедно и се воодушевија од хуманите луѓе во Македонија кои сè уште постојат.

Младиот Дејан уште како мал бил одземен од неговите родители поради семејно насилство па така пораснал во дом за деца без родители, но неговата храброст и упорност биле во постојана потрага по среќа и радост, впрочем како и сите останати луѓе кои сакаат да имаат таков живот.

View this post on Instagram

Големи насмевки за големи хумани дела и неверојатна трансформација која остава без зборови.Тешкиот живот на Дејан и проблемот со забите обединија многу големи срца за на крајот да создадеме магија. @denta_lux_dental_centar му ја вратија насмевката @bursakbay му го креираше стилот и од скромно и срамежливо момче создаде вистински господин.Изненадувањето @antoniagigovskaa успеа да го расплака од среќа..@avtoskolamartin му ја исполни желбата на Дејан за часови кои не можел финансиски да си ги дозволи.А сите заедно уживавме во радоста на еден вистински херој.Дејан Младенов. ……. Благодарност до @dukidaso @silvistyle.underwear @makprimat @schuster.world @borola.mk @avtocajka #vipnaedenden #zaednosmeposrekni

A post shared by Вип на еден ден/VIP na edenden (@vip_na_eden_den) on

Гледачите со приказната на Дејан се запознаа во емисијата „Вип на еден ден“ во која тој ја сподели својата несреќна судбина, но изрази и една голема желба – да ја врати насмевката на своето лице.

Неговиот проблем со забите обедини многу хумани луѓе со големи срца за на крајот да успеат да ја вратат насмевката на неговото лице.

Но, тука на изненадувањата за младиот Дејан не дошло крајот. Бидејќи тој отворено кажал дека е фан на младата македонска пејачка Антониа Гиговска, организаторите на емисијата му го овозможија и тоа задоволство и ја донеле Антонија пред неговите очи, а ова искрено момче не можело да не ги покаже своите емоции па се расплакало.

View this post on Instagram

Ми се јави @velkovsneze и ми кажа дека има човек кој што многу ме сака,слуша,поддржува,а тој човек има трогателна приказна,ги има овие двајца пријатели и е тотално сам,и се што направил во животот направил САМ! Веднаш прифатив и го направив уште посреќен од тоа како тој изгледа сега а како изгледаше пред промената од страна на тимот на @vip_na_eden_den Браво за тимот,браво за хуманоста! А тебе драг Дејан ти благодарам на искрената љубов!❤️ #proudofyou #nikogasnevelinikogas

A post shared by Antonia Gigovska (@antoniagigovskaa) on

Погледнете ги емотивните снимки од младото момче кое сега е вистински шармантен господин и кој ќе ги стопи вашите срца.