Бизарна случка за Сити: Пеп немаше голмани, па стави дефанзивец да брани и имаше една важна одбрана

264

Понекогаш иронијата ќе знае квалитетно да се пошегува со она што го работите макотрпно во вашата кариера.

Со оглед на тоа дека Гвардиола откако дојде во Манчестер Сити, не штедеше на голмани, синоќа се случи еден интересен момент од мечот против Аталанта нагости.

Гвардиола мораше да го замени голманот Едерсон поради повреда и на негово место го внесе Клаудио Браво, кој во 81 минута добива црвен картон и Сити останува без голман.

Во таква една ситуација, мораше дефанзивец да застане на голот, во овој случај Кајл Вокер ги облече ракавиците, па дури имаше и една интересна интервенција.