Колони возила и чекање и до 40 минути за излез од Македонија и влез во Србија – ваква е ситуацијата за првиот викенд за вакцинирање во Белград.
Како што информира АМСМ на граничниот премин Табановце, поради зголемен интензитет, чекањето за излез од државата е околу 40 минути.
Причина е што голем број наши државјани викендов одат во Србија каде имаат термини за вакцинирање.
На останатите гранични премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.