Градите на Кајли Џенер извираат од костимот за капење

126

Најмладата милијардерка на Светот, Кајли Џенер, позираше во сив плишан костим за капење, а обожавателите велат дека таков костим за капење „дури и баба не би носела“.

Имено, ријалити ѕвездата позираше во моделот „Skims Velur“ потпишан од нејзината постара сестра Ким Кардашијан и иако сакаше да ја истакне својата секси фигура, обожавателите не беа воодушевени.

Ким Кардашијан неодамна лансираше нова линија костими за капење и плишани тренерки во соработка со богатата наследничка Парис Хилтон инспирирана од 2000-тите, а едно сиво бикини особено ѝ се допадна на нејзината помлада сестра Кајли – која во моментов е попопуларна на Инстаграм од нејзината постара сестрa со 201 милиони следбеници.

Кајли на новите фотографии ги истакна градите кои извираа одоздола.

На фановите не им е јасно како точно добила таква линија на тело, бидејќи како девојче била прилично слаба и се прашуваат дали ги извадила ребрата или додала маснотии на колковите и задникот.

– Дури и баба не би го носела овој костим за капење на Кајли – гласеше еден од коментарите под нејзиниот пост.