Големо откритие во Египет: Пронајден храм на древна кралица и папирус со „магии“

689

Поранешниот египетски министер за антиквитети и познат локален археолог Захи Хавас откри детали за најновото големо откритие – древен погребен храм во Сакара некрополисот јужно од Каиро.

Хавас откри дека тимот на археолози го откриле храмот на кралицата Неит, сопруга на кралот Тети, првиот крал од Шестата династија која владеела со древен Египет од 2,323-та година п.н.е. до 2,150-та година п.н.е.

Археолозите пронашле и четири метри долг папирус на кој биле испишани текстови од Книгата на мртвите кои претставуваат „магии“ со цел да ги одведат мртвите низ подземниот свет на древен Египет.

Хавас откри дека се пронајдени и гробни бунари, саркофази и мумии кои датираат од Новото царство кое во Египет било, како што се верува, во периодот од 1,570-та година пред новата ера и 1,069-та година п.н.е.