Голема соларна бура ѝ се заканува на Земјата

443

Заради нашата зависност од технологија силната бура на сонцето може да има сериозни последици. Големата бура на Сонцето може на Земјата да ги оштети системите за комуникација и да предизвика економска штета, предупредуваат научниците.

Зошто соларната бура претставува голема закана?

Во 1972-ра година десетина морски мини без објаснување експлодирале во виетнамското крајбрежје.

Неодамна е потврдено дека причина за експлозиите биле соларните бури кои можат значајно да го пореметат Земјиното магнетно поле.

Денес таквата бура би имала уште посериозни последици- би ѝ пречела на технологијата на која се “потпираме“ од сателитите до мрежите на далеководите. Според проценките штетата само по британксата економија би била околу 16 милијарди фунти.

Постојат причини за случувањата кои се одигруваат милијарди километри од Земјата и кои влијаат на нас.

Што ја предизвикува екстремната соларна бура?

Сонцето е ѕвезда, клучна маса на наелектризиран водород. Како што таа течност се движи така создава енергија во внатрешноста на магнетното поле.

Таа магнетна енергија се ослободува низ интензивната блескава светлина позната како “соларен факел“ и низ силната ерупција на магнетните полиња познати како “коронални експлозии“ или соларни бури.

Додека факелите може да пречат на радио-комуникациите на Земјата, соларната бура претставува најголема опасност.

Овие бури енергетски се комплетно еднакви со светскиот нуклеарен арсенал зголемен за 100.000 пати, но се шират по непрегледната вселена.

Сонцето се врти како огромен ротирачки огномет, давајќи ерупција во вселената во сите правци .

Доколку некоја од нив се упати кон нашата планета со нејзиното магнетно поле спротивно од магнетното поле на Земјата тогаш полињата се мешаат. Кога соларната бура ќе заврши дел од Земјиното магнетно поле останува искривено во вид на дол опаш.

Тоа искривено магнетно поле се враќа на местото повлекувајќи ги забрзано наелектризираните честички кон Земјата. Тие удираат во повеќе слоеви на атмосферата, се загреваат и произведуваат светлосен спектар познат како северна и јужна поларна светлина.

Искривеното Земјино магнетно поле има и други значајни последици.

Се смета дека тоа ги активирало морските мини во далечната 1972-ра година. Мините се конструирани да ги детектираат варијациите во магнетното поле кое произведува метални палуби на бродовите кои им приоѓаат. Но инженерите кои ги измислиле не предвиделе дека соларната активност ќе има ист таков ефект.

Кога повторно ќе се случи екстремна бура?

Научниците се обидуваат да дознаат што ги придвижува тие огромни ерупции и да откријат како да ги следат низ меѓупланетарниот простор.

Податоците за Земјиното магнетно поле кои се собираат од средината на деветнаесеттиот век покажуваат дека ексремните бури во универзумот се случуваат еднаш на сто години иако помалите бури се случуваат почесто.

Во 1859-та година заради случувањето „Карингтон“ – досега најекстремната заблежана соларна бура, телеграфскиот систем почнал да фрла искри додека пак поларната светлина се видела јужно дури до Бахамите.

Следниот пат доколку ова се случу може да има многу посериозни последици.

Сè повеќе зависиме од технологијата- сателитите се клучни за глобална комуникација и навигација, авионите ги поврзуваат континентите, а распространетите мрежи на далеководите го сечат целиот свет.

Последиците од екстремните соларни случувања може сериозно да влијаат на сето тоа.

Енергетските честици може да ги изгорат минијатурните електронски делови на вселенските летала и авионите додека пак на тлото мрежите на далеководите може да се преплават со премногу електрична струја.

Предупредување

Веќе доволно сателити и далеководи страдале заради соларните бури, затоа Сонцето мора често да се следи за да може да се предвиди кога соларната бура може да влијае на Земјата.

Метеоролозите ширум светот работат на тоа, од метеоролошката служба во Велика Британија до Метеоролошкиот завод во Австралија и Центарот за предвидување на времето во САД.

Кога е сè како што треба тие се во состојба да забележат дека бурата доаѓа кон Земјата шест часа пред да стигне до нашата планета. Тоа ни остава релативно малку време да се подготвиме, но таквите прогнози на британската економија би ѝ сочувале околу 3 до 16 милијарди фунти.

Државните агенции сега проверуваат дали електраните, вселенските агенции и авио-агенциите имаат подготвено планови за ублажување на екстремната соларна бура.

На пример од клучно значење е да се обезбеди доволно електрична енергија за чување намирници и лекови како и доволна количина на вода и горива.

Во случај на губење на врската со сателитите, системите како што се сателитската навигација и сателитска телевизија би престанале да работат.

Научниците кои работат на изработката на вселенските летала ги проучуваат соларните бури со цел леталата да ги направат поотпорни, да вградат сигурносни системи и да ги заштитат чувствителните електронски опреми.

Голем број од авионите го прелетуваат северниот пол на пат помеѓу Европа и Северна Америка. Во текот на соларните бури пилотите ги менуваат трагите на авионите за да се тргнат од поларното небо каде што најголем број од енергетските честици продираат во Земјината атмосфера.

Тоа го прават за да ја намалат изложеноста на зголемените дози радијации и да обезбедат радио комуникации.

Научивме многу за временските непогоди во вселената уште од 1972-та година, но како што напредуваат модерните технологии така треба да знаеме дека тие може да го претрпат она најлошото со кое Сонцето може да “не заспие.“