Првата испорака на борбениот авион од петта генерација Сухој-57 е доставена до Јужниот воен округ, соопшти денеска неименуван извор за руската новинска агенција „ТАСС“.
„Воздушната флота ги доби првите авиони од типот Сухој-57. Тие се доставени на полк во Јужниот воен округ“, откри изворот за „ТАСС“ и додаде дека уште четири авиони ќе пристигнат во 2021-ва година.
Извршниот директор на корпорацијата „Ростех“, Сергеј Чемезов на 7-ми декември изјави дека првите сериски направени Су-57 авиони ќе бидат доставени до крајот на 2020-та година, а првиот Су-57 со втората генерација на мотори ќе биде доставен во 2022-ра година.
Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу изјави дека на состанокот на министерството било договорено 22 авиони од овој тип да бидат испорачани до крајот на 2024-та година, а според договорот, до 2028-ма година треба да се испорачаат 76.
Сухој-57 е првиот руски авион од петта генерација кој располага со стелт технологија.


![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-218x150.jpg)































![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-100x70.jpg)

