И Белград го покри априлски снег (ФОТО)

100

Откако пред два дена Словенија ја изненади априлскиот снег, медиумите во регионот и кај нас известуваа дека тој се спушта надоли, па така истиот утринава ги изненади и граѓаните на Белград.

Снегот паѓал цела ноќ, па сега се е бело, а во текот на денот, според најавите на метеоролозите, можни се нови врнежи.

Утрото е студено и облачно, над поголемиот дел од Србија со повремен снег, во пониските области со помалку снежна покривка и во планинските подрачја со зголемена длабочина на снег.

Во Србија утрово е студено и ведро време над поголемиот дел од земјата, со слаб мраз, а во текот на денот облаците од север и запад ќе се шират на целата земја, предизвикувајќи дожд во пониските региони и лапавица и снег во повисоките места, информираат од Републички хидрометеоролошки институт на Србија (РХЗС).

Во Словенија пак снежната виулица создаде долги колони на автопатиштата околу Љубљана, пренесува СТА. Силното невреме го попречува сообраќајот во долината на Випава, каде што ветерот дува и до 90 километри на час.

Според прогнозите, студениот бран во Словенија ќе трае три дена, а температурите ќе се спуштат и до минус 10 степени.

Од она што можеме да го погледнеме на социјалните мрежи промената во само 48 часа е неверојатна. Од сончеви и разеленети полиња, до снежни и замрзнати дрва и овошки.