Патриција Каламарас, шефицата на одделот за инфективни болести во ГОБ „8-ми Септември“ на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека останува во болницата, и паралелно ќе работи и во „Аџибадем Систина“, во битката со коронавирусот.
„Пред се сакам да се заблагодарам на убавите желби и честитки. Во моментов се уште сум консултант во „Аџибадем Систина“. Сакам јавно да се заблагодарам на г-динот Јордан Камчев и г-дин Гин за поддршката за јавното здравје, како и за разбирањето на нашиот министер за здравство и директорот на ГОБ „8-ми Септември“. Ќе работам и во двете установи заедно со целиот тим. Искрено се молам на Бога да ми даде сила и мене и на целиот здравствен персонал да издржиме во оваа битка“, напиша д-р Каламарас.














![[ВИДЕО] Санти мраз во Њујорк, има мртви](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/lvQFd-nji-jork-depositphotos-21425537-xl-218x150.jpg)




![[ВИДЕО] Брејк: „Често одев на психијатар, разводот со сопругата ни беше детски…“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/UDOKq-screenshot-1-218x150.png)











