По неколкунеделен молк, Шилегов се реши: Скопје ќе биде украсен до 5 декември!

520

По неколкунеделен молк од градските власти дали Скопје ќе се украси за Нова Година или не, денеска се огласи градоначалникот Петре Шилегов кој за порталот сдк.мк изјави дека од вчера е почнато со китење на градот и треба да заврши до 5 декември.

Тој истакнува дека градската власт не се откажала од празничната новогодишна атмосфера по улиците и плоштадите во Скопје, со намера да ја врати „надежта и насмевките на лицата на граѓаните, особено на децата“.

Тој вели дека „годинава градот само ќе биде украсен, нема да се организира новогодишната манифестација „Винтерленд“, ниту ќе има прослава за дочек на Нова година“.