Ѓоковиќ ќе игра на Австралијан опен!

504

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ на почетокот на годинава имаше проблеми во Австралија пред првиот гренслем-турнир и беше депортиран, но сега има најави дека такви главоболки нема да има на почетокот на идната година.

Крег Тајли, привот човек на Тенискиот сојуз на Австралија, му потврдил на новинарот Луис Алфредо Алварез дека Ѓоковиќ ќе игра на турнирот.

„Вчера разговарав со Тајли и дознав дека Ѓоковиќ сигурно ќе игра на Австралијан опен во 2023 година“, напиша новинарот на Твитер.

Тоа значи дека на Србинот ќе му биде укината тригодишната забрана за влез во Австралија, која му беше изречена пред неколку месеци.