ГИ ИМА ШИРУМ МАКЕДОНИЈА: КИЛОГРАМ СЕ ПРОДАВА ЗА 1.000 ЕВРА

547

Познат е уште од времето на старите Египќани, Римјани и Грци, но повторно е откриен дури во 19 век!

Неговото доцнење меѓу печурките не го попречи веднаш да ја земе кралската титула меѓу фамилијата габи. Плодови со силен, специфичен мирис, во црна или бела боја, со големина меѓу два и осум сантиметри, скриени под површината на земјата, и тоа само на ретки места. Навидум се неугледни, потсетуваат на компир, а на вкус се како мешавина на старо сирење и кромид.

Под земјата живеат во симбиоза со коренот на некоја билка или стебло, а од тоа зависи и нивниот мирис. Постојат околу 70 видa тартуфи. Во Македонија е регистриран црниот тартуф, што го има во Мариово, Стогово и Куманово. За лоцирањето на оваа ретка габа се користат дресирани кучиња, а едно од нив чини 5.000 евра. Еден килограм од оваа подземна печурка чини 1 000 евра.

Тешко е да се најде, бидејќи расте исклучиво во диви предедли и никако не може вештачки да се одгледува. Покрај специфичните услови за одгледување, тартуфите имаат единствена арома која се добива со мешавина од дожд и недопрена земја, што дава посебен шмек на секое јадење во кое има барем грам тартуф.

loading...