Ги диктира модните трендови: Ирина Шајк во издание какво што не сме виделе досега!

378

Познатата манекенка обожава да носи капути.

Супермоделот Ирина Шајк не престанува да воодушевува со модните избори откако почна да го придружува партнерот Бредли Купер на настаните поврзани со промоцијата на неговиот нов филм „A Star Is Born“.
Се чини дека моделот обожава да носи капути на настаните. Па така, на еден од нив носела капут-фустан на Версаче.

Капутот го искомбинирала со кожена чанта и чизми со златни детали, исто така од колекцијата на Версаче.

Впечатливата црвенкава нијанса на капутот од колекцијата за 2019 година совршено ја надополнува фигурата на Ирина и нејзиниот маслинест тен.