Героски до Богоевски: Се обрука пред сите што гласаа за тебе, срам да ти е!,

1745

Главниот уредник на весникот Слободен Печат, Бранко Героски, вели дека пратеникот Павле Богоевски треба да се засрами за нелегалното набавување на психотропна супстанца и веднаш да си поднесе неотповиклива оставка од местото пратеник. Тој ппишува дека какви и да му биле намерите (најблагордни дури нека биле), се обрукал и смета дека Богоевски со самото тоа што јавно признал дека нелегално набавил, наводно, масло од канабис, треба да сноси голема одговорност.

А не, не со тие куршуми, другар Павле… Ти самиот јавно призна дека нелегално си набавил психотропна супстанца, масло од канабис. Не со рецепт, не во аптека. Тоа не е дозволено и од тебе се очекува да го кажеш името на трговецот. Најмалку тоа. За политичката одговорност не сакам ни да те потсетувам – во земја која ја легализираше медицинската употреба на канабисот, човек што носи голема општествена одговорност како пратеник избран од народот, знае што треба да стори. Уште вечерва. Без одлагање.

Што се однесува до снимањето, точно е дека тој што те снимал сторил кривично дело и дека нелегално прибавената снимка не може да биде доказ во некоја идна кривична постапка. Но, твоето јавно признание е легален доказ. На полицијата и на обвинителот им отвори работа. Какви и да ти биле намерите (најблагордни дури нека биле), се обрука, другар Павле. Пред сите што гласаа за тебе и за листата на која беше избран. Срам да ти е!, пишува Героски на Фејсбук.