Германската Влада и синдикатите во јавниот сектор се договорија за зголемување на платите

89

Германската Влада и синдикатите од јавниот сектор постигнаа договор за зголемување на платите од 3,2 до 4,5 отсто за околу 2,3 милиони работници во локалната и во сојузната администрација.

Договорот, кој предвидува и еднократен бонус од 600 евра за работниците и дополнителни средства за медицински сестри и вработени во домовите за стари и за изнемоштени лица, истекува кон крајот на 2022 година.

Според претставници на синдикатот, вработените во здравствениот сектор најмногу заслужуваат зголемување на платите поради нивната клучна улога во борбата против пандемијата на ковид-19.

Европската централна банка внимателно ги следи разговорите за зголемување на платите во Германија, поради евентуално загрозување на целната инфлација.