Иако инаку не фотографира веридби и венчавки, фотографот Метју Дипел неодамна во националниот парк Јосемити во Калифорнија го фотографирал моментот во кој едно момче ја запросил својата девојка.
Бидејќи младенците не знаеле дека некој ги фотографира, Метју сега пробува да ги пронајде.
Чекајќи го својот пријател, фотографот го забележал моментот во кој момчето клекнало пред својата девојка и ја запросило.
“Ова е многу популарно место за запросување. Не видов ништо невообичаено, по запросувањето тие се прегрнаа. Изгледаа среќно и мислам дека се’ прошло во најдобар ред”, изјавил Дипел.
Иако парот на фотографијата делува многу оддалечено, Метју објаснил дека тие од него биле оддалечени само две минути пеш.
“Откако ги фотографирав, отидов до местото на кое тие стоеја, но не беа таму. Во близина сретнав уште неколку луѓе, но не успеав да го пронајдам парот од фотографиите”, раскажал тој. Со цел да ги пронајде, Дипел ја објавил фотографијата од запросувањето на својот Фејсбук профил.
“Помогнете ми да го пронајдам парот од фотографијата која ја направив на 6-ти октомври во националниот парк Јосемити”, напишал Метју. Неговата објава е споделена повеќе од 11 илјади пати, но се’ уште никој не успеал да го пронајде парот.
“Сакам да ги пронајдам и да им ја дадам оваа фотографија бидејќи овековечив еден многу посебен момент”, вели фотографот кој не губи надеж дека ќе ги пронајде идните младенци.