(ФОТО) Со емотивна порака им се заблагодари на доктори кои ја спасија неговата сопруга

620

Оние на кои што најмногу паѓа товарот од пандемијата со коронавирусот, несомнено се докторите и медицинскиот персонал. Тие даваат надчовечки напори работејќи по 12 часа дневно за да спасат што повеќе животи.

Денес во светот докторите се суперхерои во бел мантил, а луѓето тоа го ценат и на секој начин пробуваат да им се заблагодарат. Човек од Њу Џерси чија сопруга била спасена од коронавирусот пронашол креативен начин да им се заблагодари на медицинскиот тим.

„Ви благодарам на сите доктори што го спасивте животот на мојата сопруга. Ве сакам сите “, испрати емотивна порака залепен за прозорот од болницата. Неговиот емотивен гест за брзо стана вирален и се прошири насекаде низ светот.