Филмско киднапирање на руски бизнисмен со неверојатен пресврт: Киднаперите не го очекуваа ова…

945

Рускиот бизнисмен кој што бил киднапиран од три лица, одлучил да ги преземе работите во свои раце и да ги надмудри киднаперите, од кои еден веќе е зад решетки.

Имено, рускиот бизнисмен Вјачеслав Васјуков бил киднапиран во центарот на Москва во неделата навечер по локално време. Тројцата киднапери го извлекле од неговиот автомобил, по што го префрлиле во нивниот автомобил.

Тие побарале 20 милиони рубљи (околу 300 илјади евра) за негово ослобоодување, а Васјуков на крајот успеал да се договори да им даде еден милио рубљи и два автомобили.

Меѓутоа, кога тие пристигнале во куќата на Васјуков да ги земе парите, тој успеал да им побегне и да влезе во гаражата, каде што се наоѓал неговиот автомобил Мерцедес. Тој се вооружуил и со својот автомобил удрил и отворил оган во автомобилот на киднаперите.

Целиот метеж и врева го привлекол вниманието на случајните минувачи кои што веднаш повикале полиција. Додека пристигнале полицајците, двајца киднапери успеале да побегнат, а третиот бил уапсен и признал се.

Од руската полиција го објавија видеото на кое што може да се види „пресметката“ помеѓу рускиот бизнисмен Васјуков и киднаперите.