Брзината со која американското Федерално истражно биро (ФБИ) го затворил објектот ги натера бројните корисници на интернетот да помислат дека научниците откриле нешто околу вонземјаните.
Се појави нова теорија зошто ФБИ преку ноќ ја затвори опсерваторијата “Sunspot” во Њу Мексико, известува “Independent”.
Според пишувањата на овој медиум, развојот на настаните ја наведе јавноста да се запраша дали истражувачите откриле нешто што не смееле, а еден истакнат Јутјуб канал шпекулира дека опсерваторијата случајно забележала летечка чинија.
“Sunspot” која се наоѓа на планините Сакраменто била затворена во четвртокот во тајност, по евакуацијата која ја спровело Бирото, без објаснување на локалните власти.
Асоцијацијата на универзитети за астрономски истражувања наведуваат дека “станува збор за сигурносни проблеми во опсерваторијата и затоа е одлучено привремено да се напушти објектот како мерка на претпазливост, додавајќи дека соработуваат со одговорните органи на власти”.