Во угостителски објект во Прилеп, денеска во 9:30 часот полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп ја лишиле од слобода В.В.
МВР информира дека осомничената е земјоделски инспектор во Државен инспекторат за земјоделие, а е уапсена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп” по член 357 од Кривичниот законик.

-Таа била затекната при примање поткуп од 64.000 денари од лице од Прилеп, по што веднаш била лишена од слобода, а парите ѝ биле одземени. В.В. била приведена во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.















![[ВИДЕО] Џиновската ракета на SpaceX за првпат кружеше околу Земјата: Снимките се спектакуларни](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/09/SYIjn-space-x-depositphotos-737795274-xl-218x150.webp)




















