Фановите воодушевени: Излезе новиот трејлер за Џејмс Бонс

572

Излезе трејлерот за новото продолжение на филмот за Џејмс Бонд.

„Мисијата која менува сè“, дознаваат фановите од трејлерот за филмот со наслов „No Time To Die“, во кој главната улога ја толкува Даниел Крег.

Филмот требаше да биде прикажан во кино салите во април оваа година, но поради пандемијата на коронавирусот, премиерата е одложена за ноември.

За филмот се знае и дека мирот на Бонд ќе му го ‘поремети’ постариот пријател Феликс Леитер од „CIA“, кој ќе побара негова помош. Мисијата за спасување на киднапираниот научник ќе се покаже како многу поопасна од очекуваното.

Во филмот ќе го гледаме и Оскаровецот Реми Малек, кој исто така се појавува во трејлерот, како и новата девојка на Бонд, актерката Леа Сејдукс.