Фановите се убедени дека „Симпсонови“ ги предвиделе двете најголеми случувања во 2020-та година, и тоа уште во 1993-та

648

Фановите на „Симпсонови“ мислат дека долготрајната популарна серија го предвидела коронавирусот и стршните убијци – во иста епизода.

Низ текот на годините, популарната серија ‘предвидела‘ многу случувања – од тоа дека Том Хенкс ќе се зарази со мистериозна болест до глобална пандемија.

На Твитер се шегуваат дека „Симпсонови“ ќе ги предвидат сите случувања во светот, ако живееме доволно долго, а со популарното шоу своевремено се пошегувале и создавачите на Саут Парк во епизодата „Simpsons did it“, во која не можеле да пронајдат ниту едно случување кое Симпсонови веќе не го обработиле.

Во 21-та епизода од четвртата сезона, „Marge in Chains“, популарното шоу ги ‘предвидело’ двете најголеми закани за САД во 2020-та година, пандемијата на коронавирусот и заканата од стршни убијци. Во таа епизода, ‘грипот од Осака’ почнал во азиска земја и се проширил до САД, каде медицинските професионалци објавиле дека нема лек. Ви звучи познато?

И додека некои се скептични, други го наведуваат фактот дека популарната серија во повеќе од 680 епизоди во период од 31 година, ги обработила сите можни теми и повремени сличности со реалните случувања всушност се неизбежни.