Еве како да проверите дали имате симптоми за генитален херпес

290

Симптомите на херпесот може да се појавуваат и исчезнуваат, но вирусот (Herpes Simplex Virus) останува во телото.

Овој вирус се пренесува преку сексуален контакт и особено се големи шансите да го префатите ако имате контакт со лице кај кое во тој момент има избиено вирусот т.е. има видливи знаци на присуство на херпес вирусот.

Ако мајката страда од овој вирус, таа најверојатно при породувањето ќе му го пренесе вирусот на своето бебе. Присуството на херпес вирус за време на породување е една од основните причини за слепило кај новороденчињата. Затоа ако го имате овој вирус, најдобро е да се породувате со царски рез.

Симптоми: Најголем дел од луѓето кои го имаат овој вирус, не знаат дека го имаат затоа што никогаш не забележале никакви знаци или симптоми. Кога гениталниот херпес избива, кај жените се појавуваат мали црвени чворчиња, меурчиња или отворени ранички блиску до вагината. Исто така се појавува нетипичен исцедок од вагината, главоболка, болки во мускулите, болка при уринирање, чешање, печење и потечени жлезди околу гениталиите. Раните заздравуваат во период од 2 до 4 седмици, но постои голема веројатност дека вирусот повторно ќе избие.