Ердоган со наредба до Трамп: Веднаш да го прекинеш тоа!

0
168

Турскиот претседател порача дека американско-курдските патроли на сириско-турската граница се апсолутно недозволиви и го повика американскиот претседател да го укине тоа веднаш.

Тензиите помеѓу Соединетите Американски Држави и Турција околу ситуацијата на северот од Сирија и натаму се тензични.

Имено, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека заедничките американско-курдски патроли на сириско-турската граница се апсолутно недозволиви и истакна дека очекува од американскиот претседател Доналд Трамп веднаш да го прекине тоа.

Според Ердоган, американската армија веќе спроведува заеднички воени патроли со припадниците на курдските „Сириски демократски сили“.

„Верувам дека кога би разговарале со Трамп, тој би го сопрел ова“, порача Ердоган реферирајќи на средбата во Париз каде што ќе се соберат бројни светски лидери по повод одбележувањето на 100-години од завршувањето на Првата светска војна.

Од „Сириските демократски сили“ пак, кон крајот на минатата седмица потврдија дека започнале заедничките патроли во близина на сириско-турската граница со американската армија.

Интересно е тоа што, практично истовремено, започнаа и заедничките американско-турски патроли околу градот Манбиџ на северот на Сирија. Поради тоа, аналитичарите тврдат дека Американците моментално се обидуваат „да играат“ на двете страни, а тоа најмногу го иритира турскиот претседател Ердоган.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here