Ова послушно куче добро знае што да прави кога сопственикот ќе му спомене капење

0
75

Многу сопственици ја нарекуваат ваквата ситуација “чудо”, но за овој човек тоа е нормална работа.

Неговото послушно куче на првото споменување на капење веднаш заминува во бањата. За нив не постои мачење кога станува збор за денот за капење бидејќи ова паметно домашно милениче само влегува во кадата и без проблем се соочува со водата и шампонот.

За многу сопственици ваквото однесување на миленичињата е вистински сон, а токму поради тоа овој човек го снимил своето куче во акција. Кога ќе му се спомене недела и капење, тој без проблем влегува во домот, се качува по скалите и влегува во кадата.

На секое куче му е потребно капење по времето поминато надвор, особено доколку живее со својот сопственик и со него го дели каучот и креветот, а токму ова куче е свесно за тоа и не сака да му отежнува на својот сопственик.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here