Емили Ратајковски: “Ги сакам моите гради и градите на другите луѓе” (Видео, Фото)

1947

“Ги сакам моите гради. Ги сакам градите на другите луѓе. Градите се некако одлично нешто”, вели манекенката Емили Ратајковски која инаку е позната по своето екстремно бујно деколте.

Дали треба да дискутираме повеќе?

Не треба да нè изненадува тоа што Емили Ратајковски е полна со самодоверба, сексапил и е горда на својата завидна фигура. Манекенката, која е позната како по нејзините топлес “селфи” фотографии на Инстаграм така е популарна и по работата на големото платно, па така зборуваше за неколку нејзини верувања за жената дека може да биде каква што ќе посака.

Емили зборуваше што значи феминизмот за неа, музичкото видео со кое се прослави и како ја искористува славата за да постигне радикални промени во општеството.

За нејзините гради таа вели: “Градите се смешни. Понекогаш болат и понекогаш тие ме прават моќна. Тие се клучот на мојата сексапилност. Тие се сите тие работи. Се сеќавам дека имаше една статија со наслов “Емили Ратајковски е Моцарт за градите”. Тоа што беше лошо е што некој му го прати тоа на мојот татко. Ги сакам моите гради. Ги сакам градите на другите луѓе. Градите се некако одлично нешто”.

Таа додаде дека сè уште не може да поверува дека луѓето се сè уште опседнати со песната “Blurred Lines”, видео запис за кој вели дека не го мрази, туку едноставно не се сеќава повеќе на него.

Емили Ратајковски исто така напомена дека е голем активист за правата на жените и дека ги поддржува феминистичките движења. Напомена дека сака да направи радикална промена во општеството, иако сметала дека со доаѓањето на Трамп тоа ќе биде возможно. По повод прославувањето на телото на Емили, погледнете неколку одлични фотографии кои ги снимила за магазинот Спортс Илустрејтед.

.