Елка до плафон: И Александра Накова се пофали со новогодишниот амбиент во домот (фото)

166

Со почеток на месец декември полека се најавува крајот на оваа година која го одбележа светот.

Иако за дочекот нема да има новогодишни прослави како што сме навикнати досега, во продавниците може да се забележат новогодишни украси, подароци, градовите се украсени во новогодишно руво.

Македонските познати личности уште изминатата недела преку социјалните мрежи покажаа како го уредиле домот за престојните празници.

Некои ја покажаа новогодишната елка, други ги покажаа новогодишните декорации.

Деновиве, македонскиот модел, трендсетерка, реалити учесничка, Александра Накова исто така се пофали со новогодишниот амбиент во нејзиниот дом во Гевгелија.

Имено, на својот „Инстаграм“ таа објави фотографија на која позира покрај новогодишната елка која е висока до плафон, украсена со разни новогодишни лампиони и сијалички.

Она што може да се забележи покрај фотографија се исто така украсни новогодишни падароци, како и снешко.

Накова дефинитивно го привлече вниманието со новогодишнот амбиент, а некои од следбениците и порачаа дека елката е за чистка 10ка.

Вие што мислите?