Екс министерката Ангеловска конечно се огласи по смената

845

Поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска по подолг молк на социјалните мрежи денеска за прв пат објави некоја своја активност. Таа била во Белград на Innovation Week настан кој го организира српска организација посветена на економско зајакнување на жените и нивна афирмација.

„На панелот “Developing innovative and inclusive regional ecosystem” разговаравме за важноста на регионалната, но и меѓу-генерациската соработка која е клучна за развој базиран на иновации. Во фокуст беше и иклузивноста како и е-трговијата која има голем потенцијал за земјите од регионот кој треба да се искористи, а уште повеќе во време на ковид, напиша Ангеловска.

 

Таа си замина од финансии а на нејзино место дојде Фатмир Бесими од ДУИ. Екс министерката најверојатно се враќа во бизнисот.