Моника Белучи не експериментира и не ги следи слепо трендовите, што, ќе се сложите, не би ѝ прилегало на нејзиниот карактер и тип на убавина која ја поседува.
Она на кое е вистински верна е елеганцијата која се одликува со женственост, стил, урамнотежени и мирни бои и сосема едноставни модели (под едноставни не подразбираме здодевни).
Секоја комбинација која ја носи познатата актерка, без разлика дали станува збор за одело или свечен фустан, е надополнета со акцесоари или детали кои совршено го надополнуваат аутфитот и прават да изгледа беспрекорно, но во истовреме и ненападно, одмерено и дамски.

Монохроматскиот стил кој Белучи го претпочита, како и оделата во комбинација со секси корсети и високи потпетици едноставно мамат воздишки на прв поглед. А фустаните на оваа дива се синоним за „помалку е повеќе“ и докажуваат дека личниот стил и едноставноста се нераскинливо поврзани.
Секако, не смееме да ги заборавиме и совршено усогласените акцесоари – чанти, чевли, накит и очила за сонце кои се внимателно бирани за секој стајлинг.
Едноставно – Моника Белучи е дама со стил, во вистинска смисла на зборот!


























![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















