Додека се ближи одобрувањето на неколку вакцини против ковид-19, аеродромот во Франкфурт се подготвува за досега невиден логистички предизвик и транспорт на милиони дози. Франкфурт е најголемиот европски центар за транспорт на фармацевтски производи и ќе игра клучна улога во имунизацијата на милиони луѓе.
„Стресот се зголемува како што влегуваме во ‘жешката‘ фаза. Воспоставени се процеси и се чувствуваме добро подготвени“, изјави Карин Крештан, оперативната директорка на „Луфтханза карго“.
Товарниот терминал на франкфуртскиот аеродром работи без прекин откако почна пандемијата, испорачувајќи лекови, заштитна и хируршка опрема и друг медицински материјал. Низ неговиот огромен хангар со строго контролирана температура поминале 120.000 тони вакцини, лекови и други фармацевтски производи во 2019 година. Терминалот располага со 12.000 квадратни метри складишта, опремени за чување лекови.
„Аеродромот има 2.000 квадратни метри ладилници, со температури меѓу два и осум Целзиусови степени, што е идеално за чување вакцини“, вели Крештан.
Некои вакцини, како онаа на Оксфорд, може да се чуваат во обични ладилници, но вакцината на „Фајзер“ и „БиоНТек“ мора да се одржува на температура од -70 степени, што ќе бара контејнери со големина на автомобил кои користат сув мраз. Тие издржуваат 120 часови без снабдување со струја, што е доволно вакцините да стигнат до најоддалечените дестинации.
Според истражување на компанијата за експресна пошта „ДХЛ“, ќе бидат потребни 15.000 летови за да се испорачаат 10 милијарди вакцини.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















