Никогаш не е прерано за да го испланирате летото кое е пред нас, посебно ако ги сакате сите авантури кои топлите денови ги носат со себе.
Со оглед на тоа што хороскопот секаде „меша прсти“, откријте што ѕвездите ви советуваат за ова лето 2018.
Како треба да ги поминете наредните 3 месеци?
Овен – одете некаде каде што нема мрежа и WiFi
Дисконектирајте се од електронските уреди и полнете батерии преку сонцето.
Бик – посетете егзотично место
Впијте ја убавината на туѓата култура и истражете го непознатиот свет.
Близнаци – резервирајте билет за соло патување
Создајте нови пријателства дури откако ќе пристигнете на посакуваната дестинација.
Рак – испланирајте патување со семејството
Љубовта кон семејството преточете ја во изненадно патување со саканите. Летото поминете го активно, во игри и смеа.
Лав – излезете од зоната на комфорот
Летово преземајте ризици. Направете нешто за што отсекогаш сте велеле „никогаш“. Победете ги стравовите.
Девица – сончајте се на приватна оаза
Пронајдете ја убавината во сончањето во блискиот пар или во вашиот двор, заедно со миленикот, освежителен пијалак и добра книга.
Вага – поврзете се со детето во вас
Сетете се на активностите кои сакавте да ги правите како дете во лето и повторно оживејте ги спомените ова лето.
Скорпија – тестирајте ја вашата издржливост
Летото поминете го активни и тестирајте колку сте физички подготвени и издржливи. Не останувајте дома.
Стрелец – задолжително патување со пријателите
Исполнете ја желбата за истражување заедно со авантуристичките пријатели. Правете лудории без да размислите двапати.
Јарецот – научете да ја цените природата
Уживајте во убавините кои природата ви ги нуди – изгрејсонцето, зајдисонцето, сенките, ѕвездите…
Водолија – направете го светот поубаво место за живеење
Летово погрижете се да правите работи кои ќе ги усреќат вашите блиски луѓе.
Риби – побегнете со мислите
Фантазирајте додека се сончате. Дозволете им на креативните идеи да испливаат на површина.