Познатa инфлуенсерка од Македонија, ќерка на политичар е уапсена на Миконос за учество во криминална банда која дилала кокаин и марихуана во дискотеки на овој грчки остров, објави грчка Прототема.
Во групата на Миконос, како што открива грчкиот медиум, покрај 21-годишна девојка, учествувал и 34-годишниот водач на скопскиот картел и неговата десна рака и 35-годишник, уапсен е и познат либански диџеј од добро ситуирано семејство, кој постојано живее во Атина, а во летните денови се сели во Миконос, тој купувал кокаин од скопската банда.
Според информациите на protothema.gr, полицијата извесно време ја следела бандата. Она што е јасно е дека членовите на бандата од Скопје имале различни улоги.


„34-годишникот како водечки член, по негова наредба и под негово водство, ги упатувал своите соучесници каде да ја чуваат дрогата, како и начинот на кој ќе ја направат достапна на пазарот со собирање на парите од продажба, додека 35-годишниот со помош на импресивната 21-годишна инфлуенсерка, чиј татко е политичар од соседната земја, а мајка адвокатка, работеле на пронаоѓање клиенти, пишува Прототема.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)









![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)









![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-100x70.webp)


