Еден сопатник загинат, еден потешко повреден и 14 полесно повредени е билансот на вкупно 15 сообраќајни незгоди што се случиле во изминатиот викенд на подрачјето на Скопје.
Според билтенот на СВР Скопје, изминатиот викенд се случиле вкупно 29 сообраќајни незгоди од кои 14 се со материјална штета.
Вкупно 167 возачи возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени 67 возачи кои возеле под дејство на алкохол, 57 пред да се стекнат со правото за управување со моторно возило и 17 возачи почетници.
Од сообраќај исклучени се шест технички неисправни возила и 53 нерегистрирани.
Сообраќајната полиција издала 269 казни за непрописно паркирање, а 128 возила се подигнати со специјалното возило „пајак“.
Изминатиот викенд 10 пешаци поминале улица подалеку од пешачки премин, а четворица на црвено светло. Девет возачи на мотор, мопед или мотоцикл не користеле заштитена кацига.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













