Путин тренираше со џудо тимот, па заработи повреда од Олимпискиот шампион: Овој ден долго ќе се памети, а еве што изјави после тренингот

173

Рускиот претседател Владимир Путин учествуваше на трилатералните разговори за Сирија, а потоа одлучи да се опушти во џудо спаринг со Беслан Мудранов, олимписки шампион во џудо.

„Битката“ се случуваше во Сочи, каде што Путин се придружи на тренингот на националниот џудо тим.

Меѓутоа, за време на спарингот, Владимир Путин го повреди прстот. Сепак, рускиот претседател не се жалеше премногу околу тоа, нагласувајќи дека спортот му помогнал да го поправи расположението.

„Тоа е малку поззнат медицински факт – кога вежбате, ви се зголемува нивото на адреналин, ви се подобрува расположението и поинаку гледате на светот околу себе“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

loading...